За мене

Моето име е Катерина Илиева, родум од убавиот град Битола-Р.Македонија. Од својата 18-та година живеам вo Скопје.
Професија на стујардеса ми овозможи интересни патувања со голема динамика, запознавање на различни култури, народи и нивни обичаи. Денес, живеам и работам во Сингапур.

Во новата средина пополно различна од мојата земја, трагав по своите соништа од дете. Убавината и традицијата на накитот во Азија, завзема важно место во нивната култура, а мене во целост ме плени. Длабоко ја почитувам уникатната рачна изработка, во која се внесува голема креативност, љубов и време. Сакав да ги испробам можностите што овој дел на светот ми ги нуди и во 2004 г. започнав да ги откривам тајните на “beading” cо мојата прва учителка Араја од Тајланд. Таа ме убеди дека сум го започнала патот кон својата идна професија, а не мое мало хоби. Сега со задоволство можам да кажм дека беше во право, а мојата креативна изработка на накит навистина им се допаѓа на голем број обожаватели, ширум светот.

Во 2007 г. започнав со посетување на курсеви за изработка на накит во интернационалното училиште: Jewellery Design & Mannagement International School. Линк-от води кон широката понуда од квалитетни и професионални курсеви, достапни за секој заинтересиран студент, без разлика на возраста.

Најмногу ме привлече новото технолошко чудо од Јапонија наречено: “Art Clay Silver” или Уметничка сребрена глина.

Уметничка сребрена глина се добива со рециклирање на фини честички на метали од сребро, бакар, злато, вода и нетоксичен органски врзувач. Таа потсетува на полимерна глина, бидејќи може да се моделира на ист начин, меѓутоа се останато што следуваше при изработка на накит од овој материјал, за мене беше потполно различно и ново.

Кога се обликува едно парче накит од Уметничка сребрена глина, во процесот на сушење водата испарува и се добива посакуваната форма, како волшебство и предизвик во Вашите раце. Следува следниот чекор на печење, на температура нешто пониска од од точката на топење на металите -сребро, бакар, злато и бронза. Нетоксичниот органски врзувач гори и се добива потполно чист метал, благодарение на силите на атхезија, кои што ги држат честичките силно поврзани. Предметот незначително се намалува, но го задржува посакуваниот облик. Парчето накит се финализира со најфина обработка и техники, за да се добие замислента форма. Крајниот производ е со висок квалитет на сребро со чистота од 999 %, злато со чистота од 22 карати и 100% чист бакар.

Линк: Mrs. Tanja Sadow е мојата инструкторка, која воедно е и сопственичка на ова училиште. Таа започна постепено да ме воведува, во овој чудесн свет на различните техники и материјали. Во оваа прилика, најискрено и се заблагодарувам за пренесеното знаење. Со задоволство ги завршив курсевите за Art Clay Silver and Gold - Уметничка сребрена и златна глина.

Линк каде што можете да ги видите моите сертификати за завршена обука: СЕРТИФИКАТИ

Македонија е земја со вековна традиција, музика, фолклор и старо занаетчиство, што е инспирација за моето творештво. Сакајќи да го пренесам ова специфично знаење во мојата земја како и на бившите простори на Југославија, одлучив да започнам со едукација во Јануари 2010 година. Вистинскиот предзвик е можноста да ги научам другите, како да ја реализираат својата скриенa креативност и потенцијал за да можат да го искажат своето уметничко битие и доживувања.

Бев запрашана од една пријателка, која е мојата крајна цел?
ДА ДАРУВАМ на луѓето знаење, искуство, благодарност, почит, искреност, љубезност, топлина, разбирање, блискост, ... да дарувам ЉУБОВ.

НЕКА ЉУБОВТА И РАДОСТА БИДЕ ВЕЧНО ВО НАС.

 

designed by different.com.mk
Total Pageviews: