Епоксидна смола

 

На оваа работилница ќе научите како сами да направите уникатно парче накит од Епоксидна смола (Epoxy Resin) во комбинација со сребрена глина (Art Clay Silver).

Погодна за почетници и две нивоа на претходна обука со Art Clay Silver. За да може успешно да се совлада оваа техника за изработка на накит, потребно е да се запознаеме со начинот на работа со Епоксидна смола (Epoxy Resin) и упатствата за работа за овој производ.

На пазарот постојат многу врсти на смола (Resin) и секоја од нив има различни својства и упатства за работа.
Можноста за работа со Епоксидна смола е голема, а воедно е доста инспиративно и забавно.
Се користи течен облик на Епоксидна смола (Epoxy Clear Resin), кој се суши на собна температура и се состои од две компоненти:

*Епоксидна смола (Epoksy Resin) и зацврстнувач

Работа со епоксидна смола (Epoksy Resin):

  1. Мешање на смеси и сооднос
  2. Добивање на чиста проѕирна смола за апликација
  3. Мешање на бои и добивање на смола во разни бои за апликација
  4. Нанесување на отворени и затворени површини
  5. Калапи и нивно комбинирање за изработка на накит во повеќе варијанти
  6. Додавање слики, камења, природни цветови, школки, и ... нема крај на идеите
  7. Сушење на Resin смесите
  8. Полирање
  9. Финализирање на проектот

*Материјал:

- 7 gr Art Clay Silver
- Epoksy Resin
- Бои и додатоци за изработка на накит

Ако имате готови изработени парчиња од сребрена глина (Art Clay Silver), можете да ги земете со себе на работилницата и по своја желба можете да ги декорирате со епоксидна смола, со што се остава посебен печат на вашата работа.

*Алатите се обезбедени за користење во работилницата. Свој комплет алати, можете да нарачате после завршување на работлиницата.

*Број на кандидати: 6.
*Времетраење на работилницата: 5 часа.
Нема дополнителни трошоци.
Цена:100 €

*Работилниците можат да се одржат и во Вашиот град.

Условот е да постојат 6 кандидати и да групата сама по себе обезбеди простор за работа.

*Групата, распоредот и местото за одржување на работилницата, се одредуваат во зависност од бројот на пријавените кандидати.

*Работилницата редовно се одржува во Скопје, Београд и Ниш.

Art Clay работилницата и сертифицираните курсеви ги води: Катерина Илиева.

designed by different.com.mk
Total Pageviews: