PEBEO MIX OF COLORS
Мешани медиуми се техники кој лесно се комбинираат со сребрена, бакарна, златна и бронзена метална глина, што овозможува изработка на посебно впечатлив накит.
Оваа работилница е прекрасен вовед во светот на мешани медиуми и апликации и покажува колку е забавна нивната употреба.
Целта е до израз да дојде уметникот во Вас и личната дефиниција на креативност.
Ќе создадете уникатен накит, добивајќи многу повеќе идеи за понатамошна самостојна работа од она што може да се опфати во една работилница.
* Времетраење на работилницата: 4 часа.
* Нема дополнителни трошоци.
* Сите потребните алатки и материјали, Ви се достапни во текот на работилницата.
* Број на учесници: 6
* Оваа работилница може да се одржи и во Вашиот град.
- Услов е групата да содржи шест учесници и самата да обезбеди простор за работа.
* Редовно се водат работилници во Скопје, Белград и Ниш.